Артконект · едиција Бајче · 2026

Телото ми кажа

Ова е приказна за почетокот на созревањето, кога децата почнуваат да чувствуваат спротивставени чувства и кога ги прават првите чекори во наоѓањето на сопствениот пат низ нив.

Приказната на Кира е потсетник и за возрасните, за тоа колку е важно, и колку е потребно, да се навраќаат на она што мислат дека го знаат.

Со печатеното издание следува бележник со еднократен код.
Со кодот можете да ја прочитате и слушате книгата онлајн,
и на македонски и на англиски јазик.

Тематиката која оваа приказна ја обработува е актуелна, релевантна за развојот на детскиот светоглед и важна во поширок општествен контекст. Во „Телото ми кажа“ истовремено топло, со разбирање се насликани ликовите, но и суптилно критички се коментира општествениот феномен на предрасудите. Во текот на нарацијата, девојчето доживува еден вид епифанија, при што, нурнувајќи се во себеси, се осознава повеќе и прави свесни чекори кон промена.

Калина Малеска универзитетска професорка и писателка

„Телото ми кажа“ е дело кое повикува на авторефлексија, критичко мислење и преиспитување како на децата, кои се примарната читателска публика, така и на родителите и наставниците, кои би можело да се очекува дека ќе влезат во дијалог со младите читатели. Приказната смело ја начнува и ја анализира темата за причините за другарување со едни и избегнување на други соученици во игрите во слободното време.

Владимир Мартиновски универзитетски професор, писател и книжевен теоретичар